Продавница за гуми ДОО logo

Адреса: Булевар 3-та Македонска бригада бр.48, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Телефон: 071 222 331

За нас

Продавница за гуми ДОО Скопје е трговска компанија специјализирана за увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка. Од нејзиното основање, во 2022 година, до денес, компанијата бележи постојан раст. Разновидната палета на брендови ни овозможува да привлечеме различни профили на купувачи, од оние кои се ориентираат исклучиво според цена, до оние кои бараат врвен квалитет.

Денес, Продавница за гуми е компанија која обезбедува врвни услуги во областа на вулканизерски услуги и гуми од светските брендови Maxxis, Sava, Dunlop, Goodyear, покажувајќи максимална ефикасност и ефективност во работењето покрај гумите за лесни возила имаме гуми и за тешки товарни возила, машини,градежни машини. Покрај гумите нудиме и вулканизерски услуги како промена, балансирање на гуми, центрирање предница, полнење клима, промена уље и филтри, хотел за чување на гуми.

Нашите принципали се компании со долгогодишна традиција и реноме, кои во своето портфолио имаат низа на познати европски и локални брендови.

Како ексклузивен увозник и дистрибутер на високо квалитетни производи од реномирани компании, Продавница за гуми секогаш го практикува начелото за брзо, точно и квалитетно снабдување на сите продажни центри на големо и мало во Република Северна Македонија.

Компанијата континуирано вложува напори за подобрување на дистрибуцијата преку обновување на возниот парк и вложување во своите вработени.

Денес, со право, Продавница за гуми е меѓу подобрите компани во областа на вулканизерски услуги и гуми.