ГАРАНЦИЈА ЗА ЗАДОВОЛСТВО

Согласно Законот за заштита на потрошувачи на РМ, потрошувачот располага со период од 14 дена за повлекување од договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории без да даде каква било причина.

Повлекувањето од договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории на трговецот, потрошувачот го спроведува со доставување на пополнет Образец пропишан од министерот за економија до ПРОДАВНИЦА ЗА ГУМИ ДОО.

По целосното извршување на услугата, купувачот го прифаќа фактот дека го губи правото на повлекување.

ВАЖНО:
Доколку гумите не се монтирани и такви ги вратите, ПРОДАВНИЦА ЗА ГУМИ ДОО ќе Ви го врати комплетниот износ на уплатата на Ваша трансакциска сметка. Во случај да се гумите монтирани (користени), а не се работи за редовна рекламациска постапка, односно – Вие едноставно се предомислите, ПРОДАВНИЦА ЗА ГУМИ ДОО се обврзува да Ви изврши поврат на средствата на Ваша трансакциска сметка во износ не поголем од 50% од вредноста на стоката, во зависност од состојбата во која се гумите. Ви обрнуваме внимание дека како потрошувач одговарате за намалување на вредноста на стоката од 50%, доколку барањето за откажување на договорот на далечина го поднесете откако сте извршиле монтажа-демонтажа и балансирање на гумите кои се предмет на поврат.

Затоа Ве молиме да не контактирате на 071/222-331, доколку постои било какво незадоволство пред да извршите монтажа на купените гуми. Ви благодариме!